Градскиот парк во Скопје е една од омилените дестинации на сите скопјани кои сакаат рекреација, секојдневни прошетки или едноставно уживање во природата која се наоѓа во најголемиот зелен простор во Скопје. Но и покрај тоа што паркот располага со огромен број на зелени површини, не секогаш тие беа прилагодени за секојдневно користење и дел од нив беа во запуштена и обрасната состојба.
Град Скопје, некои од нив ги прилагоди и трансформира во нова содржина која му недостасуваше на градот и сите оние кои сакаа да внесат малку адреналин во секојдневното возење на велосипеди.
„Од самото отворање, памптрекот во Градскиот парк кој е втор ваков во Скопје, стана атрактивна и омилена дестинација на најмладите велосипедисти кои секоја слободна прилика ја користат за возбудливо возење по оваа мини адреналинска патека за забава“, напиша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук.