Градежните активности на Браната Отиња во полн интензитет

Градежните активности на Браната на река Отиња продолжуваат со полн интензитет. Градоначалникот на Општината, Сашко Николов, информира дека денеска започнало минирањето со цел да се направи простор за да се реализира деценискиот сон на штипјани.

-Градежните работи со силно темпо  ја отпочнуваат градбата на брана на левата притока на Брегалница. Браната Отиња е еден од најголемите и најзначајни капитални проекти вреден пет милиони евра обезбедени од Владата. Штип добива брана со корисен волумен од три милиони метри кубни вода и опфат од 120 хектари и градот ќе има сигурна заштита од поплави, вели градоначалникот.

Дополнително со  изградбата на оваа брана, населбите Суитлак и Блок 2000 ќе се поврзат со улица што ќе поминува по круната на браната.