Ова се минутите кои ги посветуваме на општинските актуелности во главниот град. Изминатата недела во градот Скопје локалните власти акцентот го ставија на градежните активности на булеварите и улиците. Еве кои беа актуелни случувања во општина Град Скопје:
*Пингвините во скопската Зоолошка градина добија ново живеалиште – „Заливот на пингвините“
*Почеток на градежните работи за реконструкција на булеварот Киро Глигоров
*Почна да се гради клучката кај Момин Поток
* Четири сообраќајни ленти, зеленило и пешачко – велосипедски патеки – Отворен новиот булевар Никола Карев
*Филхармонија со Архангел во Градски парк поддржани од Град Скопје