Општина Делчево денеска го објави Конкурсот за доделување општинска награда за 2021 г, награда која традиционално се доделува по повод Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември.
Општинската наградата се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Северна Македонија, како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Северна Македонија и во светот. Наградата за физички лица се состои од плакета и паричен износ, а наградата за правно лице се состои од плакета. Согласно условите од Конкурсот право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Делчево.
Конкурсот трае 30 дена започнувајќи од денеска, 07.07.2021 година и ќе трае заклучно до ден 06.08.2021година, а предлозите за кандидати се доставуваат до архивата на Општина Делчево, за Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, соназнака „Предлог кандидат за доделување општинска награда“.
Повеќе за конкурсот од следниот линк:
https://www.delcevo.gov.mk/konkursi-oglasi/24285