Познатиот дрворед од липи кај кројачот „Ангелковски“ на „Партизанска“ деновиве е збогатен со околу 350 декоративни садници и украсни грмушки, а поставен е и систем за полевање капка по капка, информираа од Град Скопје.
„За поголема комоција и безбедност на пешаците и велосипедистите со нов зелен потег до Универзална сала се раздвоени пешачката и велопатеката, која сега е и во две насоки што овозможува непречено возење велосипед со друштво. Овој простор порано беше неформален паркинг, пред 3 години поставивме столпчиња и ги ослободивме пешачката и велосипедската патека од двете страни на живописниот дрворед“, велат од Град Скопје.