Првенците на генерација се гордост на родителите, но и гордост на општината.
На Мелани Пешова првенец на генерација 2017-2021 во ООУ”Страшо Пинџур”,
општина Карбинци и додели 5.000 денари, награда за постигнатиот успех.
„ Се надевам дека Мелани со ваков успех ќе продолжи и во средното образование. Дополнително секој полуматурант од ООУ”Страшо Пинџур”-Карбинци, кој ќе се запише во средно училиште, од општината ќе добие еднократна парична помош од 3.000 денари.
Секое запишано прваче во ООУ”Страшо Пинџур” ќе добие еднократна парична помош од 3.000 денари. На секој запишан студент во прва година студии, а е жител на општина Карбинци, му следува еднократна парична помош од 3.000 денари,“ информира градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.