Интензивирани се работите на реконструкција на улиците на најфрекфентните улици во централното подрачје на Македонска Каменинца.
Увид во работите изврши градоначалничката Соња Стаменкова, која соопшто дека целосно се завршени градежните работи на улица „Гоце Делчев“, улица „Самоилова“ и кракот на улица „Руенска“.
-Се асфалтираат и последните метри од улицата „Александар Македонски“ и паркингот пред Паркот на борците. За целосно завршување на Договорот за реконструкција на градските улици следува асфалтирањето на спојот на улица Церска со новоизградената улица „Даме Груев“, рече Стаменкова.

Локалната самоуправа за реализација на овој Договор од Буџетот на општината издвои 8.643.000 денари.

-Покрај овие градежни активности, паралелно се работи на изградбата на водоводот во село Моштица наменет за жителите од приградската населба Павлиш Дол, Краковите 6,7,8 и 9 од атмосферската канализација за подобрено одводнување на централното градско подрачје”,  изјави градоначалничката Стаменкова

Општината Македонска Каменица најавува реализација на  уште еден голем проект.  Деновиве е потпишан Договорот за доизградба на минор и мајор коритото од Кејот на Каменичка Река со најповолниот понудувач за изведба на градежните работи во висина од приближно 4,5 милиони денари.