Нов изглед добија неколку улици во Крушево, општината работеше на нивна реконструкција.

Покрај главната сообраќајница во градот во моментов се работи на реконструкција на 3 локални улици во градот, и санација на улица во населеното место Борино

„Крушево се менува и добива нов изглед, а проблемите на граѓаните се решаваат. Од фотографиите може да се види дека овој пат беше во исклучително лоша состојба и тоа со години. Успеавме да го реконструираме и да обезбедиме проодност и безбедно движење на граѓаните. Паралелно работиме и на реконструкција на главната улица во градот.“; изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.