Преку видео приказна, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ја прикажа состојбата на просторот кај Железничката станица во Мичурин некогаш и како овој простор изгледа денеска. Во опсиот на видеото стои:
„Повеќе од 30 години, просторот кај Железничката Станица во Мичурин функционираше како дива депонија полна со отпад и шут. Оваа локација успешно ја трансформиравме во нов и прекрасен модерен парк распространет на 6000 квадратни метри, раззеленет со 520 висококвалитетни садници, детско игралиште и нов паркинг простор кој треба да го олесни паркирањето на станарите од околните згради. Со овој проект ја зацврстуваме нашата заложба Скопје и понатаму да создава и уредува нови јавни чисти простори, и веруваме дека овој простор може да прерасне во омилено свратилиште на жителите од оваа и соседните населби“, напиша градоначалникот Шилегов.