Во Делчевското село Разловци под мотото „Делечво го чествува аманетот“ одбележани 145 години од Разловечкото востание. Настанот започна со промоција на новотворената градинка која е прва од ваков вид во руралните средини во Делчевскиот регион.

-Навистина ми е задоволство што Разловци ја добива првата градинка, која воедно е и прва детска градинка на ниво на сите села кои спаѓаат во Делчевско. Согласно направениот увид градежните работи се завршени, градинката е опремена и наскоро ќе почне со прием на деца. За реконструкцијата адаптација и опремување на новиот објект Министерството од својот буџет издвои средства од 4 милиони денари. Новата детска градинка има капацитет од 20 деца на предузчилишна возраст од 2-6 години и таа е дел од Јавната установа за деца во предучилишното образование „Весели Цветови“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која присуствуваше на увидот во изградбата на објектот.

Во рамки на централниот настан градоначалник Горан Трајковски напомена и дел од проектите ко иво наредниот период ќе бидат реализирани во Разловци.

– Изминатиов период решававме децениски проблеми во ова село. Градевме патна инфраструктура, го решававме проблемот со недостигот на вода, проблемот со наводнувањето, со комуналниот отпад. Наскоро ќе започнат градежни активности за изградба на локалниот пат Делчево-Тработивиште, со што ова село добива нова патна алтернатива. Свесен сум дека има уште работа во селото, но, верувам дека со посветена работа и наредниот период ќе продолжиме да ги затвораме и другите отворени прашања и ќе одговараме на потребите на граѓаните, рече Трајковски.

На настанот кој традиционално, беше организиран во дворот на црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ во селото Разловци, присуствуваше и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски кој изрази задоволство што паралелно отпочнува проектот за реконструкција на кровот на Спомен домот на Разловечкото востание.

-Не постои поголема радост на денешен ден да започне и реконструкцијата на оваа зграда направена од нашиот славен архитект Ѓорѓи Константиновски кој почина минатата година така што еве на некој начин ова е еден вид почит на неговото дело. По долгогодишната запоставеност за започнуваме реконструкцијата на ова здание. Очекуваме за 150 годишнината на Разловечкото востание да го имаме целиот дом реконструирано во неговата целосна смисла затоа што има неверојатна целовитост и е еден вид современа реплика и креација на автентичната архитектура која во голема мера е овде зачувана, рече Алаѓозовски.

Во чест на 145-годишнината од Востанието, делегација од Владата на РСМ, Општина Делчево, претставници од Советот, претставници на институции, политички партии и здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен-обележјето на поп Стојан, еден од организаторите на Востанието поставено на влезот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“ во селото Разловци. Поради пандемијата и протоколите за заштита од ковид 19, во рамките на програмата настапија Пејачката група од Здружението на пензионери од Делчево и ученици од ПУ „Св.Климент Охридски од Разловци.т Охридски од Разловци.