Фестивалот на меѓународен филм „Cinedays“, објави конкурс за пријавување на кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на MK Shorts програмата на дваесеттото издание на фестивалот организиран од Младинскиот културен центар – Скопје.

Пријавените филмови треба да бидат во времетраење до 20 минути, годината на продукција да биде 2019/2020 и да се во формат анимиран или игран филм.

Овогодинешното издание на „Cinedays“ ќе се одржи од 5 до 21 јули, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавен на седми јуни на веб-сајтот и социјалните мрежи на МКЦ.

 

На следниот линк, кандидатите можат да аплицираат на конкурсот за кратки филмови:

CINEDAYS КОНКУРС ЗА КРАТКИ ФИЛМОВИ