Пет улици се асфалтирани во општина Карбинци.

Две улици во должина од 300 метри во село Горни Балван и три улици во должина од 280 метри во Нов Караорман.

Жителите на ова село добија асфалтирани улици после долги години.

„Средствата во износ од 1.500.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Карбинци, Програма за улици и патишта,“ информира градоначалникот Јордан Насев.