Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“, беше темата на разговорот меѓу градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и Претседателот на Собранието Талат Џафери.
Се разговараше за одржувањето на Манифестацијата и нејзино понатамошно функционирање.
„Разговаравме со Претседателот на Собранието за овогодинешната манифестација, но и долгорочното функционирање на оваа организација. Добиваме поддршка од Собранието и навистина ми е драго што продолжуваме со соработката затоа што оваа манифестација зборува за нашето славно минато, за мултикултурниот живот, за херојството за ние денес да живееме во слободна држава“, изјави градоначалникот Христоски по средбата.