И оваа година традиционално се одржа 43-от Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”. Фестивалот се одржа на Рудина кај Долнени, прилепско на 8-ми и 9-ти јули.
Во исто време беше отворен и новиот амфитеатар кој е изграден со помош на Општина Доленени и Пелагонискиот плански регион а токму по повод одржувањето на овој реномиран фестивал.
На отворањето присуствуваше и советникот во Министерството за култура, Петрир Сарачини.