Започнува со реконструкција на зградите на Ученичкиот дом и Земјоделското училиште во СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе, каде комплетно ќе се реконструира покривот, училниците, собите за сместување, тоалети, електрична инсталација, со поставување на нови  прозори и врати, фасада, парно греење, водоводна инсталација.

Вкупната инвестиција на овој проект е 25 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за образование и наука. Работите се очекува да бидат завршени до 15 август годинава.

-Со реализација на овој значаен проект ги подобруваме условите за престој на учениците во ученичкиот дом , како и следење на наставата во современи услови како што доликува на еден ученик изјави граодначалникот Сашо Велковски.

Надежите на училиштето и на општината се дека со подобрените услови за изведување на настава и живот на учениците во Домот,  ќе се привлече поголем број на ученици од соседните општини, кои ќе сакаат да се образвуваат во струките барани на пазарот.