Горди сме што Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што не е само успех на градот, туку успех за целата наша држава, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната прес конференција посветена на потпишување на договорот помеѓу Град Скопје, Европската банка за обнова и развој и Министертсвото за финансии за официјално започнување на постапката за изведба на БРТ системот за брз автобуски превоз во Скопје.
За реализација на овој проект ЕВОР ќе додели заем од 70 милиони евра со што овој проект во рамките на ЕБРД е заведен како зелен прокет .
„Го оставривме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот согласно условите кои ги овозможува денешно Скопје. Скопје добива брз, безбеден и одржлив јавен транспорт кој ќе биде доволно атрактивен и ќе овозможи директно намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа индиректно ќе се намали и аерозагадувањето во делот на сообраќајот“, рече Шилегов, кој додаде дека со подигнувањето на брзината и достапноста на јавниот транспорт несомнено ќе значи и зголемување на бројот на патници кои го користат јавниот транспорт во Скопје.
На идејното решенија кое предвидува две линии со коридори, досега работеа екипи на Град Скопје и на ЈСП во подготовка на техничката документација за овој систем. Скопскиот градоначалник најави дека во текот на летото ќе започне и тендерската постапка.
„Идејното сообраќајно решение е веќе изработено од стручњаци од Битола, Скопје, Белград, Лондон и Брисел и тоа ќе претставува основа за тендерска докуменација за набавката која очекувам да ја почнеме во текот на ова лето. Проектот опфаќа воспоставување две линии со коридори кои се резервирани само за автобусите, од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, и од Бутел до Кисела Вода“, изјави Шилегов.
Предвидено е трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче да биде во должина од 12,81 километар во една насока, со 21 автобуска постојка и 2 терминала, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче.
„Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 луѓе на ден. Со имплементација на првата фаза, се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фрекфенцијата на автобуси на секои 3 -4 минути. Времето потребно едно возило да ја помине трасата Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути“, рече скопскиот градоначалник.
Автобусите на БРТ системот ќе бидат со хибриден погон на гас и електрична енегрија и со должина од 18 метри, а целиот систем е поставен така што во иднина ќе може да прими и 24 метарски воизла.
„Во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект, се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, во која Скопје е член од 2019 година. Притоа станува збор за еден од клучните прокети кои се дел од Акцискиот план за зелен град кој го подготвуваме со помош на ЕБРД. Се радувам што ова на некој начин е верификација на еколошките политики кои што ги креираме како градска администрација и што после неколку децении конечно ќе почне да се имплементира овој стратешки прокет за градот“, рече Шилегов.
Вакви иницијативи за создавање зелена, поинклузивна и одржлива економија се совпаѓа со економското заздравување од Ковид кризата, а придобивките за нашата економија се повеќекратни, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.
„За реализација на овој прокет Европската банка за обнова и развој ќе додели заем од 70 милиони евра, во две транши – во првата транша во износ од 47,6 милиони евра за финансирање на линијата 1 и втората транша во износ од 22,4 милиони евра за финансирање на линијата 2. Рокот за отплата на првата и втората транша е 15 години, со вклучен греј период од 4 години. Каматната стапка е варијабилна и се состои од Еурибор плус 1 посто. Покрај заемот, ЕБОР ќе додели и грант за техничка поддршка на Градот Скопје и на Министерството за транспорт и врски за имплементација на целиот проект“, рече Бесими.
Според министерот за транспорт и врески, Благој Бочварски одлика на секоја метропола е развиената транспортна мрежа која нуди брз и ефикасен превоз меѓу сите точки во градот, а Скопје го заслужува тоа.
„Доделените средства од овој заем ќе се користат за проектирање и изградба на патните коридори, за реконструкција на булеварите во градот, за изградба на автобуските постојки, за изградба на две депоа вклучувајќи и административна зграда, како и за набавка на нови нископодни автобуси“, рече Бочварски.
Директорот Анди Аранитаси, денекса објасни дека Европската банка за обнова и развој и Градот Скопје ја започнаа партнерската соработка во 2019 година кога банката го прифати Градот Скопје во нејзиното семејство зелени градови кое во моментов брои 45 града од 23 земји.
„Оттогаш Градот Скопје напорно работеше да го подготви акцискиот план за зелени градови кој ги идентификува приоритетните инвестиции и политики насочени за справување со еколошките предизвици на главниот град. Од 2019 година, ова е третиот прокет кој ЕБОР го финансира во Скопје, по прокетот за набавка на новите автобуси на компресиран гас и изградбата на пречистителна станица за отпадна вода која се очекува да почне со реализација следната година“, рече Аранитаси.