Традицијата продолжува. На 22-ри април општина Крушево и компанијата СЕКЕ организираат акција за пошумување. Станува збор за активност која стана традиција во текот на изминатите години.

„Оваа акција е на иницијатива на СЕКЕ во рамки на програмата „Добра земјоделска пракса“ и е една активност која ја практикуваме секоја година. Оваа активност е значајна за т.н. „бели дробови“ на нашата општина, односно шумите околу градот. Ги повикувам сите граѓани да се приклучат во пошумувањето“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Во акцијата ќе учествува и Сојузот на земјоделски здруженија на Република Северна Македонија, а поканети се сите граѓани на општина Крушево.