Во Струмица се одржа дводневна работилница за јакнење на капацитетите и вмрежување на воспитно-образовниот персонал од детската градинка „Детска радост“ од Струмица и детската градинка „Први јуни“ од Ќустендил, Република Бугарија, како дел од проектот „Еко-градинки за одржлива иднина“, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2014-2020 година.
Според Џоко Ристевски раководител на одделението за меѓународна соработка и европски фондови, темата на работилницата беше „Размена на добри практики и презентација на работната верзија на Прирачникот за еколошко образование на деца, наменет за воспитувачите од детските градинки“, а целта беше воспитно-образовниот персонал од двете земји преку партиципативен начин да учествува во креирањето практики за добро еколошко обраование на деца од предучилишна возраст, преку презентација на Еколошкиот прирачник, кој содржи европски и светски практики.