Велосипедистите во главниот град имаа услови за слободно и безбедно да се движат низ скопските улици со подобрување на велосипедскиот сообраќај, што е всушност и цел на градските власти.
„Нашата цел беше да го поврземе целиот град со нови велосипедски патеки и да овозможиме непречено и слободно движење на велосипедистите, дури и на места на кои тоа можеби изгледа незамисливо“, напиша скопскиот градоначалник на Фејсбук.
Тој истакна дека улиците Кемал Сејфула и Втора Македонска Бригата се сега улици каде велосипедистите непречено може да се движат во својата безбедна вело патека одвоена од улицата за возила со поставување на заштитни столбчиња.
„Денес, улиците Кемал Сејфула и Втора Македонска Бригада, познати за граѓаните од овој дел на Скопје по секојдневно паркираните коли долж улиците и сообраќајниот хаос, се речиси 90% покриени со соодветна велосипедска инфраструктура.
Во наредните денови и преостанатите 10% од зацртаните активности ќе бидат комплетирани, со поставувањето на преостанатите заштитни столбчиња и целосна заштита на велосипедистите на новите патеки, кои се придружуваат на претходните поставени пред неколку месеци на булеварите Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски Карпош“, напиша градоначалникот Петре Шилегов.