Според анализата на резултатите на загадувањето на воздухот во февруари во Скопје со споредувањето на ниво на ПМ10 честичките и бројот на денови на надминување, споредено со истиот период од претходните години, може да се заклучи дека позитивните трендови на опаѓање продолжуваат, се вели во текстот објавен на веб порталот А1он.

Во сите мерни станици поставени во централното градско подрачје , а тоа е Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат има континуитет во намалувањето на загадувањето во последните години – 2018, 2019,2020 и 2021. Како пример, најзагадениот ден со максималана средно дневна концентрација на ПМ10 во Општина Карпош е од 471 микрограми на метар кубен во 2017 -та, додека оваа година бројката е повеќе од четири пати намалена, односно изнесува 100 микрограми на метар кубен. Во 2021 -ва во Карпош и Гази Баба го бележат најниското ниво на максимална средно дневна концентрација на ПМ10 честички од 2015 -та, односно во моментот кога започнуваат мерењата на концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот. Исти или слични резултати се измерени во сите државни мерни станици во Скопје.

При аналзиа на податоците за февруари, вклучувајќи ги сите државни мерни станици во централното градско подрачје, по драстичен пад во 2018 -та година, има постепено и континуирано намалување на нивото на максималната вредност на ПМ10 во воздухот.

Доколку пошироко се анализира темата и бројките кои се однесуваат на неа и направиме пресек на годишно ниво, ќе се види дека падот на нивото на ПМ10 честички на метар кубен е посебно видлив последната 2020 -та година. Имајќи го предвид фактот дека и јануари и февруари (ондносно најзагадените месеци) од 2021 -та година има дополнително намалување на бројките, може да се очекува дека 2021 година ќе биде поеднакво охрабувачка. Тоа што е посебно значајно е дека овие податоци се индикација дека се преземени вистински чекори во насока на надминување на овој проблем долгорочно.

Ваквите податоци се вистинска индикација дека треба да се продолжи со преземените активности за истите доведат до поскауваната цел, Скопје и скопјани да дишат чист и здрав воздух.

Преземено од: А1он