Мечето Теди кое беше спасено од малиот кафез во Штип со помош и заложба на тимот од Скопје Зоо, сега ужива и се радува на снегот. Среќата на Теди е и наша среќа, напишаа од скопската зоолошка градина, под видеото објавено со Теди.

Теди во моментов е со адреса на живеење во Бугарија од каде што пишаа:

„Теди помина прекрасна зима  во „Паркот за танцувачки мечки – Белица“ видеото подолу го покажува тоа. Тој е здрава мечка која никогаш не се заморува да биде разиграна!  Бидејќи досега неговите чувари многу добро го познаваат неговиот карактер, тие го изненадија со вреќа исполнета со разни зачини, која, како што се претпоставуваше, многу ја сакаше“, напишаа од „Паркот за танцувачки мечки – Белица“.