За сите љубители на велосипедизмот Град Скопје ви нуди патеки како да доживеете адреналиска авантура почнувајќи со Пионерската велосипедска патека на Водно.
Прва „Пионерска“ нагорна планинска вело патека, која се протега од Полициската станица па се до Средно Водно. Патеката е широка 3m, а долга 3.432 метри, направена согласно сите светски стандарди.
Оваа патека е исклучиво наменета за велосипеди и за движење во еден правец – нагоре.
„За оние за кои велосипедизмот претставува совршен начин за одржување на физичката кондиција, како и оние кои едноставно уживаат во движење низ природата, првата uphill off road вело „пионерска” патека на Водно е идеалната дестинација.
Вело е Скопје“, напиша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.