Шесттото по ред издание на Струмица опен фестивал, кое годинава се одржува под мотото „Направено со љубов“, ќе започне на 3, а ќе заврши на 13 август. Во десетдневното траење својата љубов и емоција годинава ќе ја пренесат 80 артисти, распоредени на 20 разновидни настани кои ќе се одржат на пет отворени сцени.
Струмица опен фестивал зад себе има околу еден милион посетители, 400 изведувачи и над 100 реализирани настани и годинава за прв пат ќе има специјални нешта направени со љубов. Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов, презентирајќи ја музичката програма, потенцираше дека последните три фестивалски вечери, ќе бидат вистинска круна на овогодинешното издание на Струмица Опен фест.
-Овој македонски бренд станува гордост на струмичани и омилена локација на мапата со обележан датум на календарот на многу гости од цела Македонија и дијаспората. Според првичнитегодинашното издание на Струмица ОПЕН фестивал ќе се одржи под насловот „Направено со љубов“.
Во претходните пет изданија учествуваа над 60 музички ѕвезди, беа одржани над 100 културно-уметнички настани и присуствуваа над 800.000 среќни и весели посетители. Од танцови работилници, детски фестивал, хип хоп револуција, акустична романтика, трка на келнери, стенд ап шоу, афоризми, фолклор, поезија и уметност до големи музички концерти на македонски, балкански и светски музичари од сите жанрови.
Константните позитивни резултати кон градење и дистрибуција на култура преку разновидна програма за сите возрасти се наш голем поттик за идни поголеми остварувања. Се надеваме дека годинава ќе доживеете фестивал направен со љубов во кој ќе уживате – велат организаторите.