Град Скопје информира дека за време на снежното невреме што ја зафати државата, активно ја вклучија зимската служба на терен.


„Исчисти се патиштата до Средно Водно, Долна Матка, Усје, Сопиште, Пинтија, Љубанци, Љуботен и Бањани, а им излезе во пресрет и на останатите институции, откако успешно го заврши чистењето на сите градски улици и булевари“, информираат од Град Скопје.

Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и државните служби кои се задолжени за нивно чистење и одржување.

Екипите на зимската служба на Град Скопје беа на терен уште од почетокот на вчерашниот ден и во текот на ноќта, при што досега се фрлени над 1000 тони сол на градските булевари и улици.


„Сите градски улици и булевари во текот на деноноќието беа чисти и проодни и никаде не е забележан застој на сообраќајот. Јавниот превоз се одвива без проблеми и нема одложени градски линии на ЈСП Скопје, а интензивно се расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини“, велат од Град Скопје.

На состанокот од Кризниот штаб на Град Скопје со кој раководи градоначалникот Шилегов беше потврдено дека Скопјани ќе ја дочекаат работната недела со целосно функционални улици и тротоари.

Кризниот штаб заклучи дека ќе и помогне на општина Сопиште во расчистувањето на неколкуте општински улици кои што се сеуште блокирани. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Град Скопје со жалење констатира дека определени политички структури и бивши високи градски функционири свесно креираа лажни вести за наводно блокирани градски улици, покажувајќи фотографии од минатото кое не е реалност денес, а беа карактеристични за времето на нивното управување со градот. Ги повикуваме граѓаните да не подлегнуваат на таквите лажни вести.