Град Скопје ја апдејтуваше урбаната опрема во градот. Нови клупи може да се забележат низ урбаните улици и скверови, можност за граѓаните да одморат од прошетките низ градот, но и едноставно да уживаат додека временските прилики тоа го дозволуваат.

„Новите урбани клупи кои од денес можете да ги забележите низ сите урбани улици и скверови немаат за цел само да ги разубават градските тротоари низ Скопје, туку и да ги надополнат и да претставуваат место каде граѓаните ќе може да одморат од долгите прошетки низ Скопје во убавите денови од годината“, информираат од Град Скопје.

Инаку урбаните клупи се поставени на 250 локациите низ главниот град кои како што велат од Град Скопје внимателно се одбрани како места кои на Скопјани ќе им понудат длабоки сенки под градските дрвореди, а самите клупи се изработени да понудат совршена комоција за граѓаните.

На една од фотографиите ќе може да го забележите и Берни Сандерс кој измиантиов период е актуелен со мимот кој вирално се рашири на социјалните мрежи.

Фотографии од: Град Скопје