Возењето велосипед во секое годишно време, позитивно влијае на вашето здравје. Но дали сте занеле дека велосипедот како најекономично превозно средство на две тркала, нема ограничен временски период кога може да се користи. Дури и возење во зимски услови може да биде придобивка за вашиот имунитет.

Градот Скопје континуирано работи на промоција на користењето велосипеди, чија предност, за разлика од автомобилите, е намалување на метежот во сообраќајот и загадувањето на животната средината. Оваа година беа издвоени 10 милиони денари за субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети. 10.000 за набавка на велосипеди, и  500 за набавка на електрични тротинети. Изгрaдени се и реконструирани 15 километри вело патеки годишно, вкупно 37 нови вело патеки и ленти, како и нови конектори на вело рутите.