Здружението за образование и култура ,,Академија на Румели’’ и ,,Федерацијата на Балкански Турци’’ и двете од Едрене Туција, преку ,,Зија Гокалп’’со нова донација за општина Конче.
Пред десетина дена беа доделени 190 столици наменети за потребите на Домот на Културата, овој пат донирани се 600 м2 бекатон.
Од Локалната самоуправа велат дека бекатонот ќе биде поставен на две места, 300 м2 за уредување на мал плоштад во селото Конче, останатите 300 ќе се искористат за уредување на паркинг пред црквата Свети Стефан во истото село.
Бекатонот е донација, но изведбата ќе биде финансирана од општина Конче.
Бекатонот веќе пристигна во општината, а пријателите од Турција, викендов и лично ќе предадат.