Зошто да се посети општина Конче и туристичката населба Мантово?

Недопрената природа, чистиот воздух, здравата храна, локалната традиција и сите природни ресурси, се мотив повеќе да се посети и запознае оваа општина, вели во пораката првиот човек на општина Конче Благој Илиев по реализираниот проект за подобрување на пристапноста до туристичката населба Мантово. Проектот се реализира  со поддршка на  ЕУ  и Владата наменет за локална и регионална конкурентност.

Со овој проект како што вели Илиев, подобрена е понудата за активен рурален туризам во Општина Конче. Создадени се нови можности за пешачење до локалитет ,,Габршека Чука’’, уредено е местото ,,Влашки Колиби’’ подбрена е пристапноста до езерото ,,Мантово’’ со што се озовможува подобри услови за викенд во природа , рекреативни и спортски активности на езерото,  пикник со најблиските и уживање во природните убавини на околината.