Во општина Конче за прв пат започнува со работа канцеларијата за социјални работи. Истата се отвори по барање на општината со цел жителите во услова на пандемија да не мора да патуваат до Радовиш и да трошат и време и пари.
Во канцеларијата работи социјален работник на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи-Радовиш., информира градоначалникот Благој Илиев.
„Граѓаните од општина Коче ќе можат да се информираат и да ги поднесуват своите документи за сите потреби од сферата на социјални мерки и социјална заштита“, информира Илиев.
Во општина Конче околу 100 жители се корисници на социјална помош по разни основи.
Во општината функционира и народна кујна.Топол оброк до своите домови добиваат од 60-65 жители.
Во соработка со УНДП има ангажирано девет лица за помош на 324 стари и изнемоштени лица.
„На овој начин освен за инфраструктурните проблеми , општината се грижи и за своите жители на кои што им е потребна помош,“додава Илиев.
Канцеларијата се наоѓа во општинската зграда на општина Конче и ќе биде отворена за потребите на граѓаните секој Петок од 08:00-15:00 часот.