Општина Свети Николе распиша „Јавен повик за прибирање на барања за користење на средства од Буџетот на општина Свети Николе за 2021 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фонадации и спортки клубови и други форми на здружување од областа на спортот“.
Повикот е отворен до петти ноември, а свои проектни идеи можат да поднесат сите заинтересирани организации, кои се регистрирани како здруженија на граѓани постари од шест месеци, кои покрај вообичаената документација треба да поднесат и извештај за реализирани активности. Спортските клубови поднесуваат и извештај за двегодишната работа. Повеќе за повикот на овој линк