Со средства од американската амбасада во Скопје, Свети Николе тргнува во изградба на нова противпожарна станиџа. За таа цел, изминатата недела општина Свети Николе и Амбасадата на САД во Скопје  потпишаа договор за донација во вредност од  446.239 американски долари. Изведувач на проектот и градежните работи е фирмата Дон архитекти од Скопје.
Со реализација на овој проект Свети Николе ќе добие противпожарна станица согласно светски стандарди за оваа намена.
-Ја користам приликата , во име на граѓаните на општина Свети Николе, да се заблагодарам на граѓаните на САД , на Амбасадата на САД во Скопје и на Инжинериската команда на морнаричките сили на САД (НАВФАК) , за дадената донација за изградба на ваков капитален објект, изјави градоначалникот Сашо Велковски.