Дојран е преполн со гости, посебно за време на викендите. Според градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов она што може да се забележи од почетокот на сезоната до сега е поголемата свест за почитување на мерките за заштита од Ковид 19.
„ Моментално можеме да кажеме дека капацитетите ни се преполни, многу мал дел е неисполнет, меѓутоа во текот на викендите сме преполни дури се бара и место плус. Успеавме на некој начин да ја подигнеме свеста и во однесувањето на посетителите и почитување на препораките за заштита од ковид 19. Тоа значи дека имаме една безбедна туристичка сезона во услови на пандемија. Ние како домаќини сме задоволни од посетеноста, но и самите туристи од амбиентот и содржините кои што се нудат,“ смета градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.