Силното невреме што синоќа  го зафати и карбинскиот регион го оштети региноналниот пат Штип-Плачковица. Станува збор за патот кој води до викенд куќите кон планината Плачковица од штипскиот дел на планината.

На лице место на на оштетениот дел на патот кој припаѓа во атарот на општина Карбинци пристигна и градоначалникот Јордан Насев.

,,За одржувањето на овој пат кој е регионален се грижи Ј.П  Македонија пат и нивните вработени се веќе на терен и работат на санирање на оштетувањето. Еден апел за сите оние кои што имаат потреба да возат по овој пат,  да внимаваат на оштетувањата и да ја прилагодат брзината на условите на патот,“рече градоначалникот Насев.