Кризниот штаб на општина Свети Николе побара од Центарот за јавно здравје од Велес да отвори пункт во Нов здравен дом, каде ќе можат да се земат брисеви на заболените лица од КОВИД-19 кои досега мораа да одат на тестирање во Велес за да се утврди дали лицата се оздравени од коронавирусот.

-Со ова ќе ги намалиме трошоците за превоз за лицата но и намалување на бројот на транспорт од здравствениот дом во Свети Николе. Со цел подобро справување со вирусот, донесовме одлука за барање на санитетско возило за потребите на Здравствениот дом Г.Гаврилски со што ќе ги подобриме услугите на граѓаните на општина Свети Николе, соопштуваат од Кризниот штаб на Општина Свети Николе.

Со цел навремена диструбуција на лекови и храна на инвицираните, кои не можат да излегуваат од дома, за полесна работа на волонтерите од Црвениот крст Свети Николе, Кризниот штаб донесе одлука да побара возило од Црвениот крст на Македонија.

Во наредните денови , МВР Свети Николе ќе спроведува засилени контроли на терен за спроведување на мерката за носење на заштитни маски и спроведување на јавниот ред и мир во Свети Николе, како и контроли на автобускиот превоз на патници и на фирмите.