Со цел да се овозможи  формирање на нов простор и плажи на езерото деновиве во општина Дојран се спроведуваат активности на расчистување на крајбрежјето.

Се вадат бекатон плочки од патеката во должина од 600 метри , која не се користи веќе подолго време.

Од општината велат дека со расчистувањето  на крајбрежјето се отвараат нови плажи, се чисти езерото по природен пат. Новите плажи ќе бидат и инфраструктурно опремени.