Делегација на Општина Штип престојуваше во Ѓонѓош во Унгарија на покана на локалната самоуправа. Делегација од овој град, минатата година престојуваше во Штип и како резултат на првичните контакти беше оставрена возвратна посета на Ѓонѓош.
Целата иницијатива е на претходниот амбасадор на Унгарија кој беше голем пријател на Македонијани кој во неколку наврати доаѓаше во Штип.
Делегацијата од Штип учествуваше на нивниот традиционален саем на вино кој е познат како „Денови на Матра“. Имено Ѓонѓош е втор по големина регион познат по своето производство на вино, а Штип располага со квалитетно вино што е еден вид на повод за продлабочување на врските. Можност за соработка се нуди и во сферата на високото образование бидејќи и во Ѓонѓош има Универзитет при што остварена е посета и на Универзитетот Кароли. Исто така се разгледа можноста за збратимување на двата града и за соработка во областа на културата.