Општина Штип и Центарот за развој на Источниот плански регион потпишаа договор за започнување изградба на паркинг-платформа по течението на реката Отиња кај Здравствениот дом „Д-р Панче Караѓозов“.
Инвестицијата е на Општина Штип и на Бирото за регионален и рамномерен развој преку Центарот за развој на Источниот плански регион.
„Ова е значајна инвестиција за градот и за граѓаните. Имаме веќе една платформа која значително го олеснува паркирањето возила, а започнуваме со изградба на уште една платформа по течението на реката Отиња. Инвестицијата е околу 17,8 милиони денари од кои половина ќе бидат на Општина Штип, а половина на Центарот за развој Источниот плански регион,“ изјави градоначалникот Благој Бочварски.
Тој додаде и дека инвестицијата изнесува околу 17,8 милиони денари, од кои половина ќе бидат на Општина Штип, а половина на Центарот за развој на Источниот плански регион.