Со одлука на Кризниот штаб на Општина Свети Николе од сабота (30.05.2020) се става во функција јавниот превоз на општината со претходно утврдената динамика и релации на движење за селата Црнилиште, Пеширово, Амзибегово, Кадрифаково, Ерџелија, Мустафино и Горобинци и со почитување на веќе утврдените прописи и протоколи.
Граѓаните од овие села можат да ги користат и новопоставените стојалиште за патниците. Превозникот е задолжен со континуирана дезинфекција на возилата , употреба на дезинфекциони средство за сите патници е задолжителна и секако на носење на заштитни маски или марами, соопшти Општина Свети Николе.