Поради мерките за спречување на ширењето на коронавирурусот, годинава скромно, но, сепак, во Штип, родниот град на големиот поет и револуционер, се одбележа годишнината од смртта на Ацо Шопов.
На чествувањето, поради мерките, пред спомен-бистата на Ацо Шопов пред Домот на културата што го носи неговото име беа само градоначалникот Благој Бочварски и претставник на Боречката организација.
– И во вакви услови, не забораваме на поетот од светски ранг, на едно од најзнаменитетите имиња што потекнува од нашиот град – беше истакнато на чествувањето.
Ацо Шопов (20 декември 1923 – 20 април 1982) е еден од основачите на современата македонска поезија, автор на првата книга објавена на македонски јазик во слободна Македонија во 1944 година, академик, поранешен претседател на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на Сојузот на писателите на Југославија…