Доделени договорите за стипендии на најдобрите ученици во радовишките училишта

Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, на свечен начин им ги додели договорите за стипендирање на најдобрите ученици во основното и во средното образование во Радовиш за учебната 2019/20 година.

Годинава се доделија вкупно 28 стипендии на талентирани ученици во општина Радовиш од кои: 16 стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта, седум стипендии на талентирани ученици од I до IV година во средното општинско училиште и пет стипендии на одлични ученици врз основа на социјален карактер.

„Особено задоволство и радост е да се биде во присуство на најталентираните ученици во основното и во средното образованиe во нашата општина. Со цел оваа радост да биде уште поголема и уште повеќе да го мотивираме натпреварот кај учениците за постигнување на уште поголеми успеси, планираме во иднина да го зголемиме бројот на стипендиите“, истакна градоначалникот Конзулов.

Стипендиите во основното образование се во висина од 2.500, а во средното во висина од 3.000 денари, а се доделуваат девет месеци во годината.