Општина Конче преку проектот за подобрување на општинските услуги во соработка со Министерството за Финансии доби три проектни документации.

Станува збор за проекти со техничка докуметација и елборати за изградба на централната улица во с.Ракитец во должина од 2 километри, улица во населеното место Долно Липовиќ, но и улица со пат и од Конче до Лубница. Со овие проектни документации општината ќе има можност да аплицира на национални и ЕУ повици за финансиска подршка за реализација на овие проекти.