Во Македонска Каменица започнаа работите на изградба на пристапни патеки на улица „Индустриска“, улица „Церска“ и улица „Кејска“ како и изградба на паркинг простори и кратки пристапни патеки до колективните живеалишта  во централното градско подрачје на Македонска Каменица.

Работите се во рамките на Договорот за бетонски работи и партерно уредување на површини склучен помеѓу општина Македонска Каменица и Друштво за градежништво,трговија и услуги ЕВРОГРАДБА-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ с.Владиевци, Василево.

-Во моментов се работи на уредување на паркинг просторот на улица „Самоилова“, како и уредување на пристапната патека на улица „Церска“, каде ЈП „Камена Река“ ги врши подготвителните активности околу поставување на подземините инсталации на водоводна и канализациона мрежа, соопштуваат од Општината Македонска Каменица.

За Договорот за бетонски работи и партерно уредување на површини општина Македонска Каменица од сопствениот Буџет ќе издвои  2.801.724 денари без вклучен ДДВ.