Општина Штип организира јавна презентација и јавна анкета за Локална планска документација за Катастарска општина (КО) Караорман, вон градежен реон за Катастарска парцела (КП) бр. 557/1 Штип, изработена од ЈП „Стипион 2011“. Опфатот е со површина од два хектари.
Увидот во планската документација може да се направи во периодот од 24.12.2019 година до 30.12. 2019 година во Општината Штип, во работните денови во периодот од 07:30 часот до 15.30 часот.
Во споменатиот рок заинтересираните можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења, додека јавната презентација на планот ќе се одржи на 26-ти декември, во 12 часот во Општина Штип.
Општина Штип
Сектор/Одделение за урбанизам – Штип