Општина Македонска Каменица упати јавен повик до здруженијата на граѓани, спортски клубови и други правни лица, чии програмски активности може да бидат финансирани од буџетот на општина.
Од нив се бара да достават кратка програма со финансиска конструкција, со цел навремено предвидување и правилно распоредување на финансиските средства.
Во исто време се одвиваат јавните дебати со граѓаните за креирање на буџетот на Општина Македонска Каменица за 2020 година.
Изминатата недела градоначалникот Соња Стаменкова и општинските претставници посетија повеќе населени места, со цел да се нотираа приоритетни потреби и барања на жителите, со чија реализација би се подобриле условите за живот. За наредната недела остануваат уште две населени места, по што се планира јавен настан, на кој ќе се презентираат проектираните ставки.