По повод Денот на ослободувањето на градот, во Радовиш и годинава се одржува традиционалниот Шестоноемвриски турнир во мал фудбал, а генерални покровители се градоначалникот и Советот на Општината. Натпреварите по групи почнаа на 28 октомври, а турнирот ќе трае до 15 ноември.
Натпреварите се играат во спортската сала „25 Мај“. Поради добрата организација и богатиот награден фонд, интересот за турнирот е голем, па дел од екипите-учеснички (годинава вкупно 20) се од соседните општини.
По повод Денот на ослободувањето на градот, се одржува и традиционалниот Шестоноемвриски алпинистички собир во организација на АК „Плоча“ од Радовиш. Собиирот се одржува од 1 до 3 ноември на атрактивниот за качување алпинистички спортски локалитет Плоча во близина на магистралниот пат Радовиш – Штип.