До 11 ноември трае јавниот повик до граѓанските организации, здруженија, фондации, спортски клубови и други облици на спортско здружување, за проекти од интерес на граѓаните, што го распиша Општината Свети Николе.
Средствата општината ги обезбеди од сосптвениот буџет.
Од заинтересираните субјекти за учество на конкурсот, општината очекува проектна идеја, придружена со годишна програма за работа, финансиски и наративен извештај за последните две години, листа на реализирани проекти. Спорските клубови треба да достават и извештај за потрешените средства во лигата каде се натпреваруваат.