Тешката механизација го почна пробивањето на улицата Даме Груев, која е од огромно значење за жителите на приградската населба Стара Каменица, кои за првпат добиваат пристапен пат. Улицата е со должина од 650 метри, општина Македонска Каменица издвои 11.167.005,00 денари.

-Во проектот за изградба на улицата покрај коловозниот дел со ширина од 5,5 метри, предвидени се и две тротоарни патеки со стандардна ширина од 1,5 метри, изјави Соња Стаменкова, градоначалник на Општина Македонска Каменица Како што, градоначалничката Стаменкова општина Македонска Каменица преку изградбата на нова инфраструктура ќе продолжи со подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните и развојот на општината. Со истиот изведувач, општина Македонска Каменица веќе има склучено договор за изградба на повеќе селски патишта во неколку селски средини за кои ќе издвои дополнителни 15.161.521,00 денар.

Краен рок за реализирање на овие проекти е кон крајот на месец мај во 2020 година.