На 22 октомври 1944 фашистичката војска запалила голем дел од Радовиш

Германскиот фашистички окупатор, поради неуспесите и загубите што ги трпеше на сите фронтови на кои војуваше, на 22 октомври 1944 година бесот го истури и врз мирното население на Радовиш, запалувајќи голем дел од градот. Опожарија и изгореа 143 куќи, 30 дуќани, монополот со еден милион килограми тутун, расадничките згради, основното училиште и други објекти. Петнаесетина дена подоцна, на 6 ноември 1944 година, единици на НОВ и ПОМ го ослободија Радовиш.

По тој повод, секоја година се положува свежо цвеќе на спомен-обележјето на тој немил настан и трагедија што ги преживеале радовишани пред 75 години.