Од изминатата среда, 9-ти Октомври во општина Свети Николе стартува општински јавен линиски превоз, откако оптината ја издаде дозволата со регистриран возен ред на единствениот превозник кој се јави на јавниот повик, Циле Транс ДООЕЛ. Компанијата е лиценциран и избран превозник за вршење општински линиски превоз .
Јавниот преовз се врши на три линии и тоа:
– линија број 1: Црнилиште-Пеширово-Амзибегово-Свети Николе и обратно со поaѓање во 08:00 првиот пат и во 11: 00 вториот пат во денот;
-линија број 2: Кадрифаково-Ерџелија-Мустафино-Свети Николе и обратно со поaѓање во 07:30 првиот пат и во 11: 00 вториот пат во денот;
-линија број 3: Свети Николе –Горобинци-Свети Николе со поaѓање во 07:45 првиот пат и поаѓање во 11: 00 вториот пат во денот;
За почеток превозот ќе се одвива двапати во неделата и тоа во среда и сабота по двапати.
-Ќе стартуваме со горенаведените линии со минимални цени за билети за патниците, но доколку се иницира потреба од повеќе линии , тоа ќе им го овозможиме на нашите граѓани, соопштуваа од Општина Свети Николе.
Различни се цените на билетите, во зависнот од должината на релацијата.Од/до село Мустафино е 40 денари. Од/до селата: Црнилиште, Амзабегово, Кадрифаково и Ерџелија е 30 денари и од/до селата: Горобонци и Пеширово еден билет чини 20 денари.
Обезбедени се технички услови за вршењето на општински линиски превоз и ќе се користат постојните постојки во градот : во близина на стаклара Мето-спроти автобуската станица и горобински пат спроти Астра, а попатни стојалишта ќе се вршат во центар на градот , (пред градскиот пазар) и здравниот дом Свети Николе.
Општината најавува изработка на собраќаен проект за воведување на собраќаен режим на улиците низ градот како и обележувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација.