Општината Свети Николе и основните училишта во градот во четвртокот се приклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност, традиција што трае од 2002 година, а во неа годинава, од 16 до 22 септември, се вклучени 2.952 града од 48 земји во светот, меѓу кои и Македонија. Во Свети Николе се организираше рекреативен велосипедски натпревар низ градот, а велосипедското дефиле тргна и заврши во центарот на Свети Николе.

– Учествуваа повеќе од сто ученици од основните училишта „Кирил и Методи“ и „Гоце Делчев“. Општина Свети Николе се залага вакви манифестации да организира што повеќе. Утре, во рамките на Европската недела на мобилност, натпревари и возење велосипеди ќе се одржат и во основните училишта. Се надевам дека се’ ќе помине во најдобар ред како што прилега на организирана манифестација – рече градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој им се заблагодари на светиниколската полиција и на Здравствениот дом за давањето придонес во успешното организирање на манифестацијата.